Регионална конференција со деца излекувани од рак

Од:

Четириесеттина деца од земјите од поранешна Југославија кои се излекувале од рак ќе учествуваат на првата регионална конференција „Имам една желба“ што утре и задутре ќе се одржува во Струга во организација на здружението „Сано“.

Претседателката на „Сано“ Марија Тасев информира дека последните 15 години деца што го победиле ракот од различни здружение се собирале во Словенија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, а годинава во Македонија со цел да ги споделат своите искуства како ја победиле болеста и да делуваат мотивирачки на оние кои сега се борат против ракот.

– Сите тие се херои кои победиле разни типови детски ракови. Поентата не е да се присетуваат на периодот на лекување, туку да делуваат мотивирачки. Да покажат дека ракот може да се победи, да покажат дека тоа не е смртоносна болест и од неа нема спас. Да покажат дека некои видов ракови се лекуваат и животот продолжува понатаму, појасни Тасев за МИА.

После сите прележани видови рак кои децата ги победиле, додаде, имаат втора шанса за живот и скоро 100 отсто од нив се успешни граѓани.

– Сега тие се младинци и се реализирале во животот, студенти, бизнисмени, работат…, имаат шанса за втор живот Сите се занимаваат со хуманитарна работа. Волонтираат им помагаат на другите деца кои сега минуваат низ таа фаза и се борат со рак, изјави Тасев

Ги покани родителите кои моментално с е соочуваат со ваков проблем, кои се на работ дека веќе неможат да издржат, се сомневаат дека ракот е непобедлив и периодот е неиздржлив да дојдат да видат дека овие деца одат напред, дека имаме позитивни случаи и не завршува се со смрт.

На конференцијата ќе има предавачи доктори од Клиничкиот центар во Скопје, кои ќе ги мотивираат дека после борбата со ракот во животот се е полесно.

Доктор Горан Димитров од Клиниката за гинекологија и акушерство ќе одржи предавање на тема „Сексуланоста кај младите после хемотерапија“, предавање ќе имаат и онкологот Билјана Чоневска од Клиниката за детски болести и Никола Станковски претседател на Волонтерски центар.

Би можело да ве интересира

Март – национален месец за подигање на свеста за рак на дебело црево

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он

Шенон Доерти откако ракот и се прошири на коските: „Не сакам да умрам“

Револуционерен пробив во лекувањето на ракот: ви го претставуваме Витацептин

Ракот на грло на матка е предизвикан во 99,8 проценти од ХПВ, сѐ уште се бојкотира вакцината

Даниловски: Зошто со набавката на биолошка терапија за болните од рак, смртноста се зголемува наместо да опаѓа?

A1on