Адеми и Шалваринов во посета на Словенија и Италија

Од:

Министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми од денеска до 17 септември, во придружба на директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов ќе престојува во работна посета на Словенија и Италија.

Работната посета на Словенија ќе се реализира од 11 до 13 септември. Утре тој ќе биде примен од словенечкиот претседател Борут Пахор, а потоа ќе се сретне со претседателот на словенечкото Собрание, Дејан Жидан.

Билатералните односи меѓу двете земји, натамошниот развој на односите во повеќе области од взаемен интерес, интеграциските процеси на Република Македонија во ЕУ и НАТО, како и актуелните политички состојби во нашата земја, особено околу динамиката за подготовките за одржувањето на референдумот во нашата земја и други прашања од регионот и пошироко во светот ќе бидат темите на кои ќе се разговата на средбите.

За време на престојот на министерот Адеми во Република Словенија, ќе се реализираат и средби со претставници на здруженија и асоцијации на дијаспората од Република Македонија во градовите Љубљана и Копер.

Посетата на Италија ќе се реализира од 14 до 17 септември, во рамките на која Адеми ќе ги посети Трст, Тревизо, Бреша, Пијаченца и други градови и ќе оствари средби со претставниците на здруженија и асоцијации на македонската дијаспората во северниот дел на Италија.

Адеми во Трст ќе учествува на настанот „Европски дијалог и земјите од ЈИЕ” при што ќе им се обрати на присутните на тема: „Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција околу името, ЕУ и НАТО интеграциите и меѓунационалните односи во нашата земја“.

Адеми во Словенија и Италија ќе има средби и со локалните власти и други видни личности од повеќе области, се со цел унапредување на врските на нашите претставници на дијаспората и нивна инклузивност во економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот живот во овие две пријателски земји.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски