(ВИДЕО) Левица: Граѓаните да ја спречат власта да владее понатаму

Од:

Левица ги повика граѓаните на бојкот на референдумот, односно да не излегуваат на гласање. Од политичката партија велат дека граѓаните треба да ја спречат власта да владее понатаму, бидејќи како што велат, истата не е легитимна. Левица, исто така, упати апел за донации за финансирање на кампањата против референдумот за да информира и да повикува на бојкот преку јавните сервиси.

Хактан Реџеп Исмаил од партијата вели дека Левица иницира граѓаните да излезат на протести во сите градови, да ги блокираат улиците и да го кренат гласот против договорот со Грција и рече дека тие ќе им се придружат.

„Со самото тоа што референдумот е консултативен, власта се плаши да понесе политичка одговорност. Организирањето на референдумот не е добар, а граѓаните немаат доверба во резултатите. Една од најголемите причини за бојкот е бидејќи договорот меѓу Заев и Ципрас не ги решава проблемите и прави поделби меѓу народите во Македонија”, рече Исмаил.

Според Алек Атевиќ без разлика дали ќе има позитивен или негативен исход на референдумот, договорот со Грција ќе стапи во сила.

„Ги повикуваме граѓаните да се вклучат во организациите кои се борат за човекови права и да го контролираат референдумот. Албаниците се користат како плашило во Македонија. Албанците мора да го одбранат своето достоинство. Тие не се непријател, овде има само еден непријател, а тоа е класниот. Овој референдум е за северна, не за европска Македонија“, вели Атевиќ.

Според Левица, македонските војници кои ќе ги зема НАТО, ќе бидат враќани во лимени сандаци и пластични ќеси разнесени на парчиња. Членовите на партијата велат дека мора да се бојкотира престојниот референдум.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола