Избрана Мис Америка 2019

Од:

Ниа Имани Френклин (23) е новата Мис Америка за 2019 година. Таа со титулата доби и стипендија од 50.000 долари.

Настанот се одржа во „Броудвок хал“ во Атлантик Сити, Њу Џерси, САД. Свеченоста, сепак, ја засени претходната носителка на круната, Сара Мунд, која јавно ги обвини организаторите за тормозење, ограничување на слободата на говор и закани, што предизвика стоечки овации од публиката, која го проследи нејзиниот последен од како мис.

Со својата оперска изведба, како и со финалниот сет прашања и одговори, досегашната мис Њујорк ја освои публиката, но и судиите. Новата „владетелка“, која има диплома од Универзитетот на Северна Каролина, својот нов статус ќе го искористи за промоција и популаризација на уметноста.

Прва придружничка е Мис Конектикат која освои стипендија од 25.000 американски долари, а втора придружничка е Мис Лујзијана, чија парична награда изнесува 20.000 долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Убавицата од Јамајка прогласена за нова Мис на светот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мис Филипини e новата Мис Универзум

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мексиканката Ванеса Понсе де Леон е нова Мис на светот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Претставничката на ЈАР ја доби титулата „Мис Универзум“

Ана Ололовска

Мануши Чилар од Индија е Мис на светот 2017

Ана Ололовска

Критичарка на Трамп избрана за нова „Мис на Америка“

Ана Ололовска