Кибер-ризиците се меѓу главните закани за економијата поврзана со интернет, соопшти германската компанија за реосигурување „Минхен Ре“.
Во презентацијата на Септемвриските средби на реосигурителната бранша во Монако, компанијата истакна дека овој вид ризик би можел да достигне до 10 милијарди долари до 2020 година.
– Да се обрне повеќе внимание на кибер-ризиците и кибер-штетите, што би поддржало барање на решенија за осигурување, соопшти фирмата.
Според „Минхен ре“, осигурувањето на ризиците поврзани со дигитализација на светскиот пазар во 2017 година изнесувало малку помалку од пет милијарди долари, но до 2020 година би можело да достигне меѓу осум и 10 милијарди долари.