Во кошаркарскиот Куп на Македонија денеска ќе бидат одиграни два реваш натпревара од осминафиналната фаза.
Во дуелот на прволигашите Вардар и Пелистер Спорт, двете екипи влегуваат без предност, бидејќи првиот натпревар одигран во Битола заврши нерешено 69:69. Реваншот во Скопје започнува во 18 часот.
Од 19 часот во Скопје ќе се одигра уште една средба. Работнички по поразот во првиот меч ќе се обиде против второлигашот Апаве да ја надополни негативата од пет поени (70:75).
Последниот, осми учесник на завршниот турнир на Купот на Македонија ќе биде познат утре за кога е закажана реванш средбата меѓу Струмица и Карпош Соколи во која гостите ќе влезат со предност од 60:62.
Пласман на „Фајнл фор’’ турнирот имаат обезбедено: МЗТ Скопје Аеродром, Кожув, Лирија, Фени Индустри и Куманово. Звршниот турнир ќе се игра од 28 до 31 март, а организаторот дополнително ќе биде одреден.