Пазарџиите кои имаат закупено „тезги“ во Градскиот пазар во „Глобал“, утринава во 8 часот ги затворија “„езгите“ и излегоа пред главниот влез на пазарот.
Според информацијата на „Струмица Нет“, ова било најавено како протест против уличните продавачи околу „Глобал“, но по вчерашната интервенција на инспекторите и полицијата, денешниот едночасовен прекин беше само предупредување за да не се дозволува продавање по тротоарите.
Пазарџиите ја поздравија вчерашната акција на ветеринарната и пазарна инспекција, кога од тротоарите на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица беа одземени околу 200 килограми свежа риба, која се продаваше во несоодветни услови и голем број на разновидна текстилна стока, но и лекови.
Фото: Струмица Нет