Македонското друштво „Илинден“ од Тирана и огранокот за Голо Брдо до македонскиот државен врв и до сите Македонци каде и да се, упати честитка по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.
Во честитка се наведува дека со прогласувањето на независноста на Република Македонија, точно пред 27 години, се оствари сонот што многу генерации Македонци го сонувале.
„Денешниот ден потсетува на предизвиците што македонската нација успеала да ги надмине и да го оствари вечниот стремеж за независна Македонија и подобро утре. Честит да ни е 27 роденден на нашата матична земја, Република Македонија. Да е вечен, да го почитуваме и славиме овој голем ден“, се наведува во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо, Или Халилај.