Едно лице беше убиено за време на протестите во Каиро против египетскиот претседател Мохамед Морси.
Жртвата била убиена за време на судирите меѓу демонстрантите и полицијата пред претседателската палата. Станува збор за 23-годишно момче.
Во судирите, според последните податоци, повредени се 53 лица.
Во други градови на земјата исто така имаше протести против Морси. Ваков бран демонстрации, кои преминаа во насилство, имаше и минатиот петок.