Донаторски состанок на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам

Од:

Во просториите на Владата на Република Македонија, денеска во организација на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот се одржа Втор донаторски состанок на кој присуствуваа претставници на амбасадите, меѓународните организации и невладиниот сектор во земјата.

На состанокот, како што информираат од владината прес-служба, биле разгледани тековните активности на Националниот комитет и е констатирано дека треба да се интензивираат средбите со цел поуспешна координација на проектите во кои меѓународните партнери и граѓанските организации учествуваат, а кои подоцна се имплементираат во согласност со акциските планови.

Во своето обраќање пред присутните, Националниот координатор Борче Петревски, кој беше придружуван од заменикот Џеладин Ајвази, изрази благодарност и признание за големата посветеност и поддршка од страна на меѓународните партнери граѓанските организации во Република Македонија, кои придонесуваат во работењето на националното координативно тело и планираните активности.

– Целта на состанокот е да ги ажурираме и усогласиме активностите на меѓународните партнери и организациите од граѓанското општество со цел да се согледаат приоритетите за поефикасна соработка, поквалитетни резултати и долгорочен ефект од активностите во областа на превенцијата и спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот, рече Петревски.

Беше констатирано дека Владата на Република Македонија, со приоритетните цели кои се планирани за периодот 2019-2022 година, ја потврдува посветеноста на превенцијата и сузбивањето на овие закани, со координирана акција со стратешките партнери и нашите соседи во регионот.

Како приоритет, се наведува во соопштението, во идните активности е нагласено и поактивното вклучување на НВО секторот во конкретни проекти, со цел усогласување и унапредување на механизмите за постигнување комплементарност.

Учесниците на Донаторскиот состанок ги презентираа своите тековни и идни проекти, а кои се однесуваат на спречување на радикализацијата и насилниот екстремизам, кои можат да водат кон тероризам, поздравувајќи ја иницијативата за интензивирање на соработката во иднина, со што како што оценија ќе се остварат стратешките приоритети и цели на локално, национално и регионално ниво.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+