Не е за изненадување тоа што либерален весник како „Њујорк тајмс“ така бездушно ја нападна администрацијата со оваа објава, изјави синоќа државниот секретар Мајк Помпео по повод критичната колумна објавена во њујоршкиот весник.
Во колумна насловена „Јас сум дел од отпорот во Администрацијата на Трамп“, висок претставник на Администрацијата претставен анонимно од весникот, предвидува колапс на Трамп на конгресните избори во ноември и оти „неговиот пад ќе ја повлече (Републиканската) партија во длабока опозиција.“
Колумната укажува дека „многумина од високите официјални лица во администрацијата на Трамп работат напорно да осуетат делови од неговата агенда и од неговите најлоши наклонетости“.
– Весникот не би требало да земе здраво за готово и да објави незадоволен, лажлив и лош актер, изјави Помпео.
Тој додаде дека доколку некој не може да се стави во позиција да исполнува наредби од надредениот, тој треба да даде оставка.
– Но оваа личност не само што избрала да остане, туку и ја поткопува работата на администрацијата на претседателот Трамп. И во однос на ова, напорите на медиумите да ја поткопаат оваа Администрација се навистина вознемирувачки, изјави Помпео.
Американскиот државен секретар деновиве е во посета на Индија и Пакистан каде помеѓу другите имаше средби со индискиот премиер Нарендра Моди, и со неговиот пакистанскиот колега, премиерот на Имран Хан.