Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ноќеска извојува тешка победа над Австралијанецот Џон Милман (6:3, 6:4, 6:4) во четвртфиналето на US Open.
– Беше многу тежок меч за мене. Игравме речиси три часа. Мора да му се оддаде признание на Џон за извонредната партија. Ми пружи силен отпор. Напорно беше за двајцата. За време на натпреварот сменив многу маички. Се обидов да издржам и да најдам можност да победам на натпреварот. Временските услови беа комплицирани, но тие беа исти за нас двајцата, изјави Ѓоковиќ
Србинот во полуфиналето на US Open ќе се сретне со Кеи Нишикори од Јапонија.