За шест месеци заловени 24 кучиња скитници во општина Гевгелија

Од:

Во првото полугодие од годинава на територијата на општина Гевгелија биле заловени вкупно 24 кучиња скитници по пријави од граѓани од страна на ветеринарната станица „Анри-Вет“ и општинската шинтерска служба, соопштија од јавното претпријатие „Комуналец“ во чиј состав работи шинтерската служба.

– Од заловените кучиња четири се вдомени, а останатите по задолжителниот третман се вратени на локациите каде што биле заловени, рекоа од шинтерската служба.

По ова прашање градоначалниците од десетте општини на Југоисточниот регион веќе се договорија да бидат изградени две прифатилишта за кучиња скитници во Гевгелија и Струмица каде ќе се сместуваат кучињата од овој дел на државата. Проектот ќе чини околу девет милиони денари, а средствата ќе се обезбедат преку Бирото за регионален развој и од буџетите на десетте општини.

Секоја општина досега посебно го решаваше овој проблем при што за едно куче плаќаше по 10.000 денари за заловување, третман, вакцинација и чипирање.

Би можело да ве интересира

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

38-годишен маж од Гевгелија е пронајден мртов во семејниот дом

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло