Гувернерката на НБРМ на Финансиски форум во Виена

Од:

Гувернерката на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска-Бежоска учествува на Финансискиот форум организиран од меѓународната организација Еурофи во Виена, Австрија.

Од НБРМ информираат дека оваа организација претставува платформа за размена на ставови и за дискусија помеѓу претставниците на секторот за финансиски услуги и на институциите носителки на политики во однос на прашања поврзани со регулативата и супервизијата на финансискиот систем, како и прашања од поширок економски контекст.

На Форумот што се одржува во Виена, Австрија и којшто организациски е поддржан од Австриското претседателство на Советот на Европската Унија, покрај членовите на Еурофи, учествуваат и високи претставници на меѓународните финансиски институции, на министерствата за финансии на тринаесет држави членки на ЕУ, членови на Европската комисија и на Европскиот парламент, како и високи претставници на Европската централна банка и на централни банки на петнаесет држави, меѓу кои од Балканот се гувернерката на НБРМ и гувернерот на Хрватската народна банка.

Во рамки на Форумот, фокусот е ставен на актуелни прашања поврзани со макроекономските и системските предизвици, можностите коишто произлегуваат од воведувањето нови технологии и развојот на одржливи финансии, дискусии околу развојот на алтернативно финансирање во рамки на ЕУ, како и на прашања поврзани со натамошните чекори во однос на процесот на европска интеграција. Во контекст на последното прашање, посебен акцент е ставен на оптимизирањето на банкарската унија, улогата на дигитализацијата за интегрирани финансиски услуги, практичните аспекти на процесот на Брегзит, но и на прашањата за приоритетите во однос на развојот на финансиските пазари и финансиската поддршка за инвестирање во земјите на Централна, Источна и Југоисточна Европа.

Последното прашање ќе биде разгледано на панел-дискусија, на којашто активно учество како излагач ќе има и гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Во рамките на оваа панел-дискусија ќе бидат разгледани главните ограничувачки фактори на финансирањето и инвестирањето во земјите на ЦИЈИЕ, ќе се идентификуваат клучните точки каде што има потреба за дополнително и алтернативно финансирање, ограничувачките фактори за поголема понуда на кредити и за развој на финансиските пазари во целина, како и улогата на различните иницијативи (Виенската иницијатива, мерките за формирање унија на пазар на капитал, иницијативата СРСС во рамките на ЕУ и слично) во поддршката на развојот на финансиските пазари.

Осврт на гувернерката Ангеловска-Бежоска за финансиските и инвестициските предизвици во регионот на ЦИЈИЕ е објавен и во специјалното издание на магазинот на Еурофи, подготвено по повод одржувањето на овој форум, значаен во глобални рамки.

Би можело да ве интересира

ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите

Катерина Ѓуровски

Народна банка: Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Советот на Народната банка на седница ги усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2024 година

Величковски: Приливите од странство ќе им бидат на располагање веднаш на граѓаните и на компаниите со влезот во СЕПА

Ангеловска-Бежоска: членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на финансиската интеграција во ЕУ, стабилноста и на модернизацијата