Пенчиќ: Со помош на Гел да го направиме Скопје „град за луѓе“

Од:

Имаме за цел да отвориме една нова страница за развој на градот Скопје, истакна професорката Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет во Скопје на денешната промоција на книгата „Градови за луѓе“ од професорот Јан Гел од Данска што беше организирана од Комората на архитекти и овластени инженери.

Таа посочи дека професорот Јан Гел од Данска во моментов е еден од најважните личности во архитектурата и планирање на градовите во светот, нагласувајќи оти тоа покажува дека имаме неверојатна можност, бидејќи тој бил и советник на градоначалниците на градовите како Њујорк, Мелбурн и Москва.

– Тој покажа голем интерес за Скопје. Целата приказна се сведува на тоа како градот Скопје да го направиме „град за луѓе“ што е поттикнато од неговата книга што се вика „Градови за луѓе“, рече Пенчиќ.

Гел работи на една проблематика дека планирањето на градовите, организирањето и квалитетот на живот треба да се сведува на човекот.

– Ние сега имаме една друга позиција во која го планираме градот како да не знаеме за кого го планираме и секојдневно се соочуваме со проблемите кои го намалуваат квалитетот на живот, истакна Пенчиќ.

Таа посочи дека почнува акција со поддршка на градоначалникот Петре Шилегов да се отвори дебата за тоа како Скопје да се направи „град за луѓе“.

Пенчиќ посочи дека денеска група експерти од различни области ќе зборуваат за нивното гледање на Скопје какве е сега и какво ќе биде во иднина, обработувајќи тези за „град за луѓе“, шансите за чист воздух во Скопје и разгледување на различни студии од тоа поле.

– Следно е како градоначалниците ќе ги прифатат нашите сознанија и колку ќе ги прифатат, потенцираше Пенчиќ.

Таа наведе дека Гел како професор доаѓа до сознание дека се што се правело и учело од архитектура и урбанизам досега било погрешно бидејќи во замислите за градовите не бил ставен човекот.

– Тој започнува нова теорија, а неговите принципи за создавање на град наменет за луѓе се наведени во неговата книга, рече Пенчиќ.

Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје, истакна дека градоначалникот Шилегов и Гел потпишаа писмо за намери за соработка во делот на урбанизмот и просторното планирање.

– Оваа соработка ја воспоставуваме со цел унапредување на урбаното живеење во Скопје по примерот на светските метрополи, рече Јанчева.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот