Локалната самоуправа на општина Кратово објави Јавен повик за доставување иницијативи за изготвување урбанистички планови на подрачјето на општината за 2018 година.Повикот е отворен заклучно со 27 септември, а истиот е распишан согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање на Република Македонија за третиот квартал до годината.
Предмет на иницијативата може да биде донесување нов урбанистички план, изменување и дополнување или урбанистичко-планска документација за конкретен предлог од подносителот на иницијативата.
Јавниот повик трае до 27 месецов, а заинтересираните правни и физички лица иницијативите може да ги достават во писмена форма во архивата на општината или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам, во предвидениот рок, информираат од општината.
Оттаму посочија дека за сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во рок од 15 дена од истекот на рокот, а прифатените иницијативи ќе бидат вградени во Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Кратово за 2018 година.