Кинескиот претседател вети 60 милијарди долари за развој на Африка

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг вети 60 милијарди долари инвестиции и финансиска помош за развој на Африка. Тој тоа го изјави при отворањето на Кинеско-африканската средба на врвот во Пекинг.

Помошта ќе биде обезбедена во форма на државна помош, инвестиции и финансирање од финансиските институции и компании, рече тој во својот говор, емитуван директно на државната телевизија.

Освен тоа Кина ќе го зголеми увозот од Африка, особено суровините, и ќе го олесни издавањето на обврзници од африканските финансиски институции во Кина, рече шефот на државата.

Околу милијарда јуани (146 милиони долари) материјална помош ќе бидат дадени од Пекинг за развој на земјоделството на африканскиот континент, истакна Си.

Покрај тоа, ќе бидат испратени 500 високо квалификувани земјоделски специјалисти да помогнат во развојот на земјоделскиот сектор, посочи тој.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени