А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев позитивно решение за односите Косово и Србија, Вучиќ добро е кога соседите ги решаваат проблемите

by А1он02/09/2018 - 19:1802/09/2018 - 19:41336
Share0

Македонија поддржува позитивно решение со кое ќе се обезбеди просперитет и траен мир во регионот, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање каков е ставот на Македонија за односите помеѓу Србија и Косово при денешната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ на граничниот премин Прешево-Табановце.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Македонија поддржува позитивно решение за Косово, решение кое што ќе ја унапреди благосостојбата и на Србите и на Албанците и на сите граѓани кои што живеат во Косово и ќе ја гарантира и безбедноста, мирот и просперитетот и на Србија и на Косово и на целиот овој наш регион, рече Заев.

Значајно е, додаде, сите лидери од регионот да бидат обединети околу заедничките цели, а тоа се траен мир, регионална соработка, економски развој и членство во ЕУ.

Претседателот Вучиќ најавија дека на пријателски и разумен начин ќе разговараат со премиерот Заев за сите прашања, за економската и билатералната соработка, за Србите во Македонија и Македонците во Србија. Уште еднаш ја повтори важноста и бенефициите кои ќе ги имаат земјите од проектот за заедничкото гранично управување.

Следете a1on на Youtube YouTube

– И за односите Белград Приштина ќе го запознам премиерот Заев во кој стадиум се наоѓаме и што е тоа што ни се чини дека треба да направиме во иднина, рече Вучиќ.

Одговарајќи на новинарски прашања каков е неговиот став за прашање на референдумот и дали ќе го повика срспкото малцинство да учествува на референдумот во Македонија, претседателот Вучиќ истакна дека не сака да се меша во внатрешни прашања на другите земји, но дека е позитивно што соседите и пријателите ги решаваат своите проблеми.

– Ќе повторам не сакаме да се мешаме во внатрешни работи на други земји, но секогаш позитивно ќе реагираме ако нашите пријатели и ако нашите соседи се договараат и ако ги решаваат проблемите. Тоа се работи за кои со сигурност можеме да кажеме дека нема да имаме против и во однос на тоа дали сме ние задоволни и дали се радуваме, затоа што Скопје и Атина ќе ги решат своите проблеми.Сосема сигурно е дека тоа е добра вест и за Белград и за Србија, рече претседателот Вучиќ.

Тој посочи дека нема право некого да повикува или да не повикува да учествува на референдумот, истакнувајќи дека тоа не е фер и е директно мешање во внатрешни работи на друга држава.

– Ја почитувам Македонија и тоа нема да го правам. Но, мислам дека решавањето на конфликтот меѓу Скопје и Атина придонесува за регионалната стабилност и е од значење и важност за целиот регион. Уверен сум дека тоа луѓето ќе го поздрават, рече Вучиќ.

Потенцира дека е благодарен на ставот на премиерот Заев во врска со нивните разговори со Приштина, поради, како што рече, целта – стабилност и мир за сите, соработка и постигнување долгорочно решение.

srbija

Би можело да ве интересира

Распишани се изборите во Србија на 25 октомври

A1on09/09/2026 - 21:4809/09/2026 - 21:49

БиХ го повлекува персоналот од Амбасадата во Белград: Односите со Србија ги сведуваме на минимум

A1on07/09/2026 - 16:4407/09/2026 - 16:52

(ВИДЕО) Телото на Ратко Младиќ пречекано со воени почести, на погребот се очекуваат десетици илјади граѓани

A1on03/09/2026 - 19:1903/09/2026 - 19:26

Србија ја прегази Грција и стигна на чекор до финалето на Европското првенство

Предраг Петровиќ02/09/2026 - 17:39

Марта Кос со порака до Србија за погребот на Ратко Младиќ: „Се надевам дека знаат што ризикуваат“

Предраг Петровиќ01/09/2026 - 17:40

Поради кавга заради гласна музика, синот го претепа и го запали својот татко во креветот

А1он31/08/2026 - 18:4431/08/2026 - 20:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео