Германскиот министер за одбрана, Томас де Маициере објави дека во воената армија ќе воведат хелихоптери и авиони кои нема да бидат управувани од пилот. Министерот изјави дека со овие летала ќе можат да ги заштитат војниците во опасни ситуации.
– Имаме дупка во воената подготвеност и сакаме да ја затвориме, рече Маициере.
Оваа одлука предизвика расправа околу етичноста на идејата. Критичарите твдрат дека тие летала често ќе се користат за да се повредат границите на државите и во нивните напади повеќе би страдале цивилите.
Меѓутоа, министерот смета дека нема разлика меѓу леталата со пилот и леаталата без пилот бидејќи и во двата случаи некој мора да им даде зелено светло за напад.
Германија ќе ја развие новата генерација на летала без пилоти во соработка со Франција.