Три лица повредени во сообраќајна несреќа на Плетвар

Од:

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа при судир на две товарни возила што денеска околу 13:25 часот се случи кај превојот Плетвар, во близина на Каменоломот. Повредените се пренесени на лекување во прилепската градска болница „Борка Талески“.

Според Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола товарните возила се со кавадаречка и скопска регистрација.

– Во кавадаречкото товарно возило марка „Волво“ при несреќата бил само возачот, а во товарното возило „Марцедес“ со скопски регистерски таблички биле двајца патници, жители на Арачиново. Префрлени се на лекување во прилепската болница и се уште не се знае колкави се повредите, ниту се познати причините за несреќата, рече Стаматова.

Увид на местото на несреќата направи полицијата. Сообраќајот сега се одвива непречено во двата правци.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Лишен од слобода возачот кој денеска удри велосипедист на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје и го напушти местото на настанот

Предраг Петровиќ

Полицијата го уапси возачот кој во Маџари тешко повреди девојче и избега од местото на несреќата

Во Маџари тешко е повреденo 11-годишно девојче, возачот избега од местото на сообраќајката

Горан Наумовски

Млад џудист на „Партизан“ загина во сообраќајка близу Нови Сад, осум патници се тешко повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Објавена снимката на страшниот судир во кој загина деветгодишно дете и родителите

Предраг Петровиќ