Рекреативен центар на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Од:

Министерот за образование и наука Панче Кралев и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип Саша Митрев денеска го пуштија во употреба Центарот за рекреација и физиотерапија.

Кралев рече дека современата опрема инсталирана во центарот ќе го подобри квалитетот на практичната настава за студентите на додипломски и постдипломски студии на отсекот физиотерапија на Медицинскиот факултет во Штип, а ќе биде достапна и за сите заинтересирани граѓани.

– Со инвестиција од над шест милиони денари, Универзитетот „Гоце Делчев“ демонстрира дека и во иднина ќе може да вложи во ваков тип лабаротории и центри за практична настава, рече Кралев, додавајќи дека преку проектот на Владата на Штипскиот универзитет се инсталирани и други видови лабаротории, кои дополнително ќе бидат промовирани.

Ректорот Митрев истакна дека отсекот за физиотерапевти е меѓу најатрактивните на Медицинскиот факултет во Штип, со 300 студенти, од кои 30 се од странство.

Би можело да ве интересира

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски