Партизан го изгуби спорот со поранешните негови играчи и ќе треба да плати над 110.000 долари

Од:

Кошаркарскиот клуб Партизан го загуби спорот со тројцата негови поранешни играчи, Џејмс Гист, Доминик Џејмс и Дру Гордон и ќе треба да плати повеќе од 110 илјади долари, беше објавено на веб-страницата на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА).

Се работи за неисплатени плати и бонуси изминатите години.

Според документот, на Гист кој во Партизан пристигна во октомври 2010 година и потпиша договор вреден 300.000 долари, клубот му должи уште 20.000. Џејмс кој во Партизан потпиша договор тежок 100.000, од „црно-белите“ треба да добие уште 37.500, додека Гордон има за земање уште 33.000 долари.

Партизан ќе треба да и плати и 20.000 долари на агенција која ги има правата на овие кошаркари, како и судските трошоци.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ