Тачи не го прифаќа барањето на Харадинај да биде премиер

Од:

Демократската партија на Косово на Хашим Тачи нема да го прифати барањето на лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, да формираат коалицска влада со него како косовски премиер.

Актуелниот премиер на Косово Хашим Тачи повеќепати изјави дека е подготвен да разгоара за коалиција со Алијансата за иднината на Косово, но дека не доаѓа предвид да ја напушти премиерската функција.

Харадинај претходно изјави дека очекува до крајот на неделата да добие одговор на предлогот за коалиција и неговиот избор за премиер. Тој истакна дека во случај да не биде прифатен предлогот се ќе остане по старо и ќе чека до првите избори.

Весникот „Експрес“, повикувајќи се на извори блиски до Демократската партија на Косово, наведува дека Тачи нема да прифати да се повлече од функцијата премиер во корист на Харадинај.

– Претседателот на Демократската партија на Косово неколкупати јавно повтори дека не сака да преговара со никого за функцијата премиер. Тоа е одговор што ќе и го даде и на Алијансата за иднината на Косово, изјави извор близок до весникот.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина