(ВИДЕО) Мицевски: Колку лица се ангажирани во институциите со договор за дело?

Од:

Додека од неталентираните и потпросечни министри за финансии и информатичко општество и администрација, очекуваме да почнат со реформите, во Република Македонија постојат закони кои не се почитуваат и грубо прекршуваат од страна на органите на државната управа и јавните институции, рече Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Имено, согласно член 8, 9 и 13 од Закон за трансформација во редовен работен однос, Институциите не смеат да ангажираат лица за извршување на физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор на дело повеќе од 1% од вкупниот број на вработени на крајот од претходната година, односно повеќе од три лица во институциите во кои вкупниот број на вработени е помал од 300 лица, по исклучок од членот 8 од овој закон, институциите може да ангажираат лица над утврдениот процент и со поголемо времетраење од предвиденото по претходно обезбедена согласност од Министерството за финансии. Во казнените одредби на овој закон, меѓу другото стои и: „Лицето кое раководи со институцијата која ќе ангажира лица за извршување на физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор на дело и/или авторски договор или друг договор со кој лицето е ангажирано за извршување на работата во процент поголем од 1% од вкупниот број на вработени на крајот од претходната година, а која нема согласност за тоа од Министерот за финансии ќе се казни со казна затвор од шест месеци до три години.“, рече Мицевски.

– Граѓаните и даночните обврзници имаат право да дознаат за вашето расипничко управување и раководење со институциите и основано и легитимно ве прашуваме:
1.Колку лица се ангажирани во институциите со договор за дело?
2.За кој вид на извршување на физичка и/или интелектуална работа се ангажирани?
3.Колку надзори се извршени и дали се утврдени неправилности во примената на Закон за трансформација во редовен работен однос?
Бидејки очигледно е дека немате елементарно познавање на законите или свесно дозволувате злоупотреби, ве потсетуваме дека со договор за дело може да се ангажираат лица кои ќе извршуваат физичка и/или интелектуална работа, само доколку истата не е предвидена во опис и попис на работни задачи на институцијата, рече Мицевски.

Тој рече дека граѓаните и даночните обврзници очекуваат конкретни одговори од институциите кои секојдневно ги задолжуваат и ги осиромашуваат.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра