(ВИДЕО) Арсовски: СДСМ во вторник ќе ги задолжи граѓаните за нови 12,7 милиони евра

Од:

СДСМ и неспособната влада на СДСМ во вторник ќе ги задолжи граѓаните за нови 12,7 милиони евра, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

– Замислете само во месец август неспособната Влада на СДСМ ги задолжи граѓаните и Република Македонија за над 43 милиони евра, а веќе за почетокот на септември успева да ги задолжи за нови 12.7 милиони евра. За само 30тина дена СДСМ ја задолжи Република Македонија за над 56 милиони евра или во просек секој ден по 2 милиони евра. Ова е застрашувачки, ова е премногу и ова ја води Република Македонија кон пропаст и банкрот. СДСМ се на власт 14 месеци, а за тие 14 месеци а ја задолжија Република Македонија во бруто износ над 1.5 милијарди евра. Тоа во просек е до 100тина милиони евра задолжување месечно, рече Арсовски.

Тој рече дека само на почетокот на 2018 година издадоа еврообврзница преку која се задолжија половина милијарда евра за која по основ на камати само треба да платат околу 96 милиони евра.

– СДСМ за само половина година ја проби психолошката граница на презадолженост. Реализацијата на капиталните расходи е катастрофална и во првите 7 месеци изнесува само 21%. Ова е историски најлош резултат на една Влада и едно министерство за финансии. Ова само уште еднаш докажува дека СДСМ не се способни да ја водат Република Македонија. Во првиот квартал БДП беше 0.1%. Уште еден катастрофален резултат. СДСМ и Зоран Заев не реализираа ниту едно единствено ветување од предизборието во однос на капиталните проекти кој што ги ветуваа во нивната таканаречена програма. Единствено што реализираа е скандали и афери преку кои ги испумпуваат парите на граѓаните во своите џебови и во џебовите на нивните блиски, рече Арсовски.

Како што кажа тој, доколку бил поставен бројчаникот на триумфалната капија, најверојатно ќе прегорел или ќе требало да додадат уште 3 или 4 нули на крајот за да може да ја собере целата сума со која ја задолжиле Македонија.

– СДСМ е катастрофа која што метастазира на сите нивоа низнашата држава и која што мора да се спречи веднаш. Што побрзо си заминат, толку подобро за граѓаните и Република Македонија. На крајот граѓаните и Република Македонија ќе победат, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра