Претседателот на САД, Доналд Трамп, во Белата куќа ја прими делегацијата предводена од првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, а во фокусот на разговорите беше Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Инфантино на Трамп му подари дерес со бројот 26, како и судиски потсетник и картони.
Првиот човек на ФИФА му објасни на американскиот претседател за улогата на жолтиот и црвениот картон, а Трамп потоа ги искорити картоните да ги „исфрли“ од игра присутните новинари.
По завршувањето на неофицијалниот дел, во резиденцијата на американскиот претседател се премина на разговори за сериозни теми, пред се поврзани со организацијата на Мундијалот.
Во јуни делегатите на ФИФА ги избраа САД, Канада и Мексико за домаќини Светското првенство во 2026 година. Претходниот Мундијал во Америка се одржа во 1994 година.