Интернационалниот уличен уметнички фестивал „Статуафест“ ќе се одржува на 14-ти и 15-ти септември на улицата „Македонија“ од 18 часот до полноќ.
Живи статуи ќе пристигнат од Шпанија, Бугарија, Србија, Украина за да го овозможат разубавувањето на Скопје, но и да се покаже специфичноста на оваа професија пред македонската публика. Освен живите статуи ќе има диџеј сетови и музички бендови.
Годинава на фестивалот ќе учествуваат и артисти од Македонија и ќе се презентира продукција „ТЕАТРОСК“ која се занимава со ваков вид на уметност.
– Повеќе од десет години работиме како улични живи статуи, работиме под маски, под разни костими, кои карактеризираат нешто конкретно, направени автентично за да ја раскажат нашата приказна која покрај тоа што го забавува народот по улиците, цели и кон тоа да биде дежурното око на социјалното живеење и да ја демонстрира потребата за подобар живот. За сите, соопшти „ТЕАТРОСК“.
Главен покровител на фестивалот е Град Скопје.