Се реконструира „Адвокатската улица“

Од:

По повеќе од 10 години, Општина Центар ја реконструира „Адвокатската улица“, поточно делот кој се наоѓа пред основното училиште „Св. Кирил и Методиј“.

Со комплетната реконструкција на овој дел од улицата, се овозможува безбедно и нормално движење на учениците околу основното училиште, но и на останатите учесници во сообраќајот.

Наредната година ќе се реконструира и останатиот дел од улицата, за кој е предвидено целосно нова фекална, атмосферска и водоводна канализација. Проектот за „Адвокатската улица“ предвидува и мал плоштад, уреден со зеленило и урбана опрема.

Би можело да ве интересира

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје

Пет пожари се активни на територијата на Град Скопје