Пожар избувна изутринава во рафинерија на „Лукоил“ во јужниот романски град Плоешти.
Технолошкиот процес на рафинеријата е прекинат, а околу 40 пожарникари со седум пожарникарски возила се обидуваат да се справат со огнот, кој избувна во инсталација за кокс во кругот на рафинеријата, јави БТА.
Во моментот не се познати причините за изнувнувањето на пожарот.
Претставници на Инспекторатот за вонредни ситуации изјавија дека нема ризик од експлозија.