(ВИДЕО) Трипуновски: Додека 20 илјади тони сливи скапуваат, Николовски шета низ Европа

Од:

Земјоделието е во тотален хаос. Откако СДСМ е на власт во секој земјоделски сектор владее безредие. Откуп нема и земјоделските производи скапуваат по нивите. По откупната криза со оризот, зелката доматите, праските, бостанот, пченицата и во моментов и сливите. Илјадници земјоделци мака мачат како да преживеат, а власта ништо не презема, рече Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Љупчо Николовски ветуваше дека ќе организира пласман на земјоделското производство, бидејќи имаат лидер кој доаѓа од земјоделскиот регион. Погледнете го видеото во продолжение и да се потсетиме како манипулираше Љупчо Николовски од партиски митинг во Велес пред парламентарните избори во 2016 година. Почитувани, ниту има организиран пласман, ниту земјоделието е унапредено. Земјоделието е уназадено, а земјоделците потценети како никогаш предходно и за тоа виновни се Љупчо Николовски и Зоран Заев. И додека во радовишко, делчевско, беровско и во другите сливарски региони, во моментот повеќе од 20.000 тони слива скапуваат, земјоделците се соочуваат со егзистенцијална криза, Министерот Николовски шета низ Европа. Илјадници производители на слива се чудат како да го преживеат денот, а Николовски отиде на шетање во Словенија, рече Трипуновски.

Тој му порача на министерот дека неговото место е да биде помеѓу земјоделците за да создава подобри услови и да ги решава земјоделските маки.

– Почитувани земјоделци за жал ниту премиерот кој доаѓа од земјоделски регион, ниту Николовски не се ни трудат да организираат откуп. Заев наместо да ги решава проблемите на земјоделците потпишува капитулантски договори за промена на името, нешто за што одвојува милионска сума за водење на кампања, а Николовски мува не го лази и ги реди европските градови кои ги посетил. Власта доколку сака да го реши проблемот на сливарите ќе ги послуша ВМРО-ДПМНЕ и ќе овозможи откуп по цена од 12 денари за килограм сина слива, што е најниско рентабилна цена. Се друго е понижување на трудот на земјоделците. Повеќе од година дена земјоделците се жртва на СДСМ. Ниту Зоран Заев ниту Љупчо Николовски се способни да овозможат развој и нормално функционирање на земјоделскиот сектор во Република Македонија. СДСМ мора да си замине од власт додека штетите не бидат преголеми во земјоделскиот сектор, рече Трипуновски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад