Во Берово започна 10 издание на Етно плоштад фестивал

Од:

Со отворањето на традиционалниот саем на локални производи „Малешевијата на дланка“ во Берово започна 10 јубилејно издание на Етно плоштад фестивал.

Фестивалот за отворен го прогласи беровскиот градоначалник Звонко Пекевски.

– Задоволство ми е да го отворам традиционалниот саем на локални производи “Малешевијата на дланка” и 10 јубилејно издание на Етно плоштад фестивал. Ќе ви посакам во овие неколку денови да уживате во богатата фестивалска програма која ние како општина потпомогнати од неколку општествено одговорни фирми успеавме да ја организираме, рече Пекевски.

Во таа насока беровскиот градоначалник упати посебна благодарност до Министерството за култура на Република Македонија со чија поддршка оваа година се организира фестивалот.

– Етно плоштад фестивал годинава го промовираме преку проект за летна култура за Берово. Самите музички имиња кои ги нуди фестивалот не обврзуваат и во иднина да ги вложиме сите свои напори да си ја зачуваме традицијата и фестивалот да продолжи да биде место каде што чесно и објективно ќе се вреднува вложената енергија и креативниот напор во создавањето на трајни вредности при неговото негување, рече Пекевски.

На саемот локалните производители се претставија со производи карактеристични за Малешевијата.

– Ова е трета година како учествуваме на саемот Малешевијата на дланка. Ние сме земјоделци производители, дел од производите кои се култивирани и шумски плодови сами ги произведуваме и ги собираме. Најголем дел од производите ги пласираме заради здравствени придобивки, рече производителот Емилија Пехчевска од Берово.

Во рамки на концертната фестивалска програма на “Етно плоштад фестивал 2018″, вечерва свој настап имаат Уска Кан и Јоце Панов, додека главна звезда на фестивалот е Каролина Гочева чиј настап е закажан за сабота 25 август 2018.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Во незгода тешко повредена жена во Берово

Земјотрес во Берово и околината

Во својот дом е нападната 40-годишна жена од Берово

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово