Општинската изборна комисија во Кичево ќе биде во ист состав како и за време на локалните избори.
– Работиме во ист состав како и во претходните избори. Сега сме во фаза на формирање и комплетирање на избирачките одбори кои овојпат ќе бројат по шест члена, односно ќе ги нема партиските членови, ќе бидат само оние од администрацијата, претседател и заменик, како и двајца членови и двајца нивни заменици, што значи ќе бидат вкупно шест члена во сите 120 ибирачки места колку ги имаше и за време на локалните избори во Кичево, рече секретарот на Општинската изборна комисија Ариан Имери.
Во моментот општинската изборна комисија во Кичево работи на комплетирање на избирачките одбори, при што, како што велат, 80 отсто се комплетирани но во целост работата се очекува да биде завршена кон средината на идната недела, во кординација со Државната изборна комисија.