Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ изјави дека се радува што повторно ќе ги брани боите на српската репрезентација. Тој додаде дека ќе даде се од себе, Србија да го освои и вториот трофеј на Дејвис купот.
Србија ќе го започне натпреварувањето утре, против домашната селекција на Белгија.
-Ми недостасуваше чувството за припадност во репрезентацијата и претставувањето на нашата држава во Дејвис купот. Тоа е единствено официјално групно натпреварување во тенисот, а освојувањето на трофејот во 2010 година, ни помогна на ни сите и ни даде самодоверба во индивидуалните кариери – изјави Ѓоковиќ.
Првиот светски рекет упати критика до организаторите, бидејќи теренот во Белгија е еден од најлошите кои ги видел.
-Теренот е навистина во катастрофална состоја и мора да водиме сметка да не се повредиме. Се надевам дека домаќинот ќе направи се за да се подобрат условите за утрешниот натпревар – изјави српскиот тенисер.
Првиот меч помеѓу Белгија и Србија ќе го отворат Давид Гофан и Виктор Троицки, по што ќе следи и мечот помеѓу Ѓоковиќ и Оливије Рохуса.