А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Берово се крои стратегија за управување со шуми

by А1он23/08/2018 - 13:44196
Share0

Работната група на претставниците од програмата за зачувување на природата во Македонија, во Берово го оддржа вториот состанок за „Регионалното планирање со шумите“.

Добивај вести на вибер

Беровскиот градоначалник Звонко Пекевски истакна дека работилницата е основа за креирање на заедничка стратегија за регионално управување со шумите.

– На работилницата беа споделени искуствата од двете посети во Швајцарија и Словенија на членовите на работната група-научени лекции, како надградба на едукативната посета на Малешевските планини за мултифункционалноста на шумите, објасни Пекевски.

Тој наведе дека во текот на дискусијата имале можност да ги дефинираат конкретните работи за кои може да се аплицира, а се однесуваат на идното регионално планирање со шумите.

– Исто така си дадовме за обврска да се истакнат заклучоци за идната работа на работната група и известување за досега спроведените активности во рамки на овој процес и да се изврши ажурирање на работниот план и потврдување на одговорностите за периодот до крајот на 2018 и почетокот на 2019 година, рече Пекевски.

Тој на состанокот, меѓу другото, ја истакна и подготвеноста на општина Берово да ги преземе сите активности и иницијативи што произлегуваат од работните состаноци и да ги примени во пракса, како и сите искуства и планови на работната група со цел ефикасно и ефективно спроведување на планот за управување со шумите.

Низ пленарна дискусија беше презентиран работен план за управување со шумите како основа за одржливо управување со шумите во горниот дел на реката Брегалница.

berovo

Би можело да ве интересира

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Горан Наумовски16/01/2026 - 08:51

Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Горан Наумовски15/01/2026 - 17:29

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Горан Наумовски29/10/2025 - 09:29

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

Горан Наумовски10/10/2025 - 11:56

(ВИДЕО) Ружински: Предвидуваме трајно решение за проблемот со улицата „Илинденска“ во Берово

Горан Наумовски03/10/2025 - 09:32

„Етно Плоштад Фестивал 2025“ во Берово

А1он27/08/2025 - 17:3027/08/2025 - 17:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен