Поранешниот петти тенисер во светот, Жо-Вилфрид Цонга, одлучи да не учествува на овогодинешниот US Open.
Како што наведе францускиот тенисер причината за повлекување од Отвореното првенство на САД е проблемот со левото колено.
Ова е третиот последователен Гранд слем турнир кој Цонга го пропушта. Тој сега се наоѓа на 64-тото место на АТП листата. Французинот одигра само шест натпревари во 2018 година, откако последниот беше во февруари оваа година.
Организаторите на US Open одлучија тој да биде заменет од австралискиот тенисер Џејмс Дакворт.