Во поплавите во Индија загинаа над 350 луѓе

Од:

Повеќе од 350 луѓе загинаа, а околу 800.000 се раселени поради поплавите кои ја погодија провинцијата Керала, јужна Индија.

Дождовите почнаа на 8 август и предизвика поплави и лизгање на земјиштето. Илјадници спасувачи со стотина чамци и неколку десетина хеликоптери се обидуваат да пристигнат до луѓето кои се во изолирани области.

– Временските услови се значително подобрени и се очекува до понеделник да бидат спасени 10.000 жители, кои и понатаму се заглавени, изјави претставник на индиската Управа за катастрофи П.Х. Куријан.

Во поплавите се оштетени околу 10.000 патишта, а еден од главните аеродроми од вторникот е затворен, а повторно ќе биде отворен на 26 август.

Околу 800.000 жители на Керала се префрлени во околу 4.000 кампови ширум провинцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати