Во вторник, 21 август, Министерството за финансии од домашните банки ќе побара заем од 6,5 милиони евра. Станува збор за едногодишни аукции на државни хартии од вредност, без девизна клаузула.
Со парите од заемот ќе се враќаат стари долгови кои претходно ги направила државата. До крајот на месецот државата вкупно треба да врати 2.359.170.000 денари. Парите од oбезбедениот заем ќе треба да се вратат до 7 август 2019 година.
Во септември, според календарот за емисија на државни хартии од вредност на Министерството за финансии, закажани се нови 2 аукции, со кои државата повторно треба да се позјами за да врати приближно 4,2 милиони евра. До крајот на годината, закажани се 3 аукции во октомври, една во ноември и две во декември.
Државниот долг, според Министерството за финансии заклучно со првото полугодие изнесувал 5,14 милијарди евра, или 47,7% од БДП, а јавниот долг е 4,3 милијарди евра или 39,9% од БДП.
Васко Маглешов