Kадетите на Македонија се пласираа во кошаркарската А дивизија

Од:

Репрезентативците на Македонија до 16 години го освоија третото место на Европското првенство за кошаркари до 16 години, дивизија Б со што се пласираа во дивизија А. Предводени од селекторот Александар Јованчев, „жолто-црвените ја победија репрезентација на Чешка со резултат од 84-66.

Марко Миловановиќ со 23 поени и 14 скока беше најдобар поединец во редовите на Македонија. Андреј Андоновски реализираше 15 поени, а со по 10 поени мечот го завршија Павел Данаиловски и Лука Савичевиќ.

– Ова е неверојатно, ова е тоа за што работевме две ипол години. Им честитам пред се на играчите и на стручниот штаб, им благодарам на сите што не бодреа, му благодарам на координаторот и на Македонската Кошаркарска Федерација што веруваа во мене и покажаа доберба дека можам да бидам на чело на овој проект! Радувај се Македонија, истакна селекторот Јованчев по мечот, цитиран од КФМ.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос