Интеруниверзитетската конференција го поддржа Предлог-законот за иновациска дејност

Од:

Интеруниверзитетската конференција на Република Македонија денеска на Скопскиот универзитет одржа седница на која го разгледа и го поддржа Предлог-законот за иновациска дејност.

– Членовите на Интеруниверзитетската конференција дадоа едногласна поддршка на овој закон, со кој се уредува иновациската дејност, принципите, целите и организацијата на примената на резултатите од иновациската дејност, научно-истражувачката дејност, техничките и технолошките знаења, пронајдоците и иновациите, како исклучително важни развојни компоненти на државата, соопшти Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Седницата ја водеше претседателот на Интеруниверзитетската конференција и ректор на УКИМ Велимир Стојковски, а присуствуваше и министерот за образование и наука Панче Кралев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро