Фронтот на народот: Барањето за парламентарни избори оди во полза на Грција

Од:

Граѓанското движење „Фронтот на народот, Фронт за Македонија“ во рамки на темата „Актуелните политички случувања и нивната импликација врз општественото живеење“ денеска во Велес ги презентираа свои ставови и размислувања за случувањата во македонското собрание од 24. декември минатата година.

Дејан Тошевски од Велес смета дека со барањето за предвремени парламентарни избори опозицијата повторно игра во полза на Грција и му дава алиби на нашиот јужен сосед во спорот за името.

– Би кажал и за неодговорното однесување и неконструктивноста на Црвенковски со одбивањето на предлогот на претседателот Ѓорги Иванов за формирање независна експертска комисија која ќе ги разреши настаните од 24. декември, изјави Тошевски.

Сашко Груевски од Велес потенцира дека нивното движење го поддржува ставот на претседателот Ѓорѓе Иванов за враќање на опозицијата во Собранието и разрешување на целата ситуација во рамки на институциите. Тој потенцира дека тие се и против ултиматумот што го даде Бранко Црвенковски на средбата што ја иницира премиерот Никола Груевски.

– Одбивањето на сите овие предлози за бојкот на изборите од страна на опозицијата во глобала имаат три причини. Доколку би се вратила опозицијата во Собранието, би немало смисла сето ова нивно собирање на улиците на нивното членство. Ако се расветли ситуацијата во и надвор од Собранието ќе пропадне нивното барање, зошто тие бараат предвремени избори. Со расчистување на настаните паѓаат во вода и тезите на СДСМ дека Македонија нема институциски капацитет, изјави Сашко Груевски.

Според режисерот Ненад Витанов од Велес можеме да не се согласуваме по многу ставови и да имаме дијаметрално спротивно решение, но никако, подвлече, не смееме да влегуваме во жестоки конфликти кои се неповратен процес кои ќе го натераат народот да не се идентификува како што сега се идентификуваме со своите професии односно на познавањето на нас во нашиот град или во средината каде што живееме со она што сме го постигнале. Тој апелира во име на нашите професионални кариери да имаме одлучувачка улога во општетството како луѓе од разни професии и оти секој од нас носи одговорност.

Би можело да ве интересира

Американски експерт: Путин ги повикува државните компании да му најдат платеници за да го одржи фронтот до зима

А1он

Западни извори: Украина ја проби руската линија на фронтот на исток, се приближува до клучниот град

Македонија и состојбата со ЛГБТИ-правата низ призмата на евроинтеграциите

Наум Локоски

Фронт на народот: Еве владејте само не не малтретирајте повеќе

Емир Латифовиќ

Фронтот на народот: Опозицијата ги преставува личните интереси

Емир Латифовиќ