Заштитата на палестинските цивили би можела да биде подобрена со распоредување на вооружени сили на Обединети нации или со невооружени набљудувачи, или пак со проширена помош од ОН, се наведува во извештајот на генералниот секретар на Светската организација, Антонио Гутереш.
Тој во извештајот за Појасот Газа наведува четири мислења, но не дава јасна препорака. Гутереш истакна дека сите опции бараат соработка од двете страни, траен прекин на непријателствата и дополнителни ресурси.
– Комбинацијата на продолжена воена окупација, постојани безбедносни закани, слабост на политичките институции и ќор-сокакот во мировниот процес претставува безбедносен предизвик, кој е многу сложен политички, правно и политички, наведува Гутереш.
Тој прецизира дека вооружените припадници на мировната мисија на ОН или вооружените сили во рамките на мисија на ОН би можеле да бидат распоредени со цел да пружат физичка заштита, но таа опција бара одобрување од Советот за безбедност на ОН и од САД, сојузникот на Израел и кои најверојатно би ставиле вето.
– Цивилни набљудувачи на ОН или кои не припаѓаат на ОН, исто така би можеле да бидат распоредени со специфичен мандат, за да известуваат за заштитата и да обезбедат локална медијација, наведува Гутереш.
Според него, трета опција би можела да биде продолжување на актуелните програми на ОН и развој на хуманитарната помош за палестинските цивили, додека четврта опција е испраќање на дополнителни членови на Агенцијата на ОН за човекови права, координација и поставување на политички службеници за да се интензивира мониторингот и известувањето за ситуацијата, како и да се засили „видливоста“ на Обединети нации.
– Најдобар начин да се осигура безбедност и заштита на палестинските цивили е преговарање за сеопфатното финално решавање на арапско-израелскиот конфликт, потенцира Гутереш.
Генералното собрание на ОН побара извештај во резолуцијата усвоена во јуни, со која Израел е осуден за прекумерна сила против палестинските цивили и во која се осудува ракетирањето од Газа кон цивилните области во Израел, без да се спомне Хамас, под чија контрола е Појасот Газа.