Најновата проекција на НБРМ за растот на македонската економија годинава е 2,2 проценти.
– Имаме мала надолна ревизија на растот на БДП за 2013 година. Претходно очекувавме растот да биде 2,6 проценти, а за наредната година наместо 3,4 проценти очекуваме раст од 3 проценти, истакна гувернерот на НБРМ Димитар Богов на денешанта прес-конференција.
Тој додаде дека причина за надолната ревизија е падот на странската ефективна побарувачка особено од нашите најголеми трговски партнери.
Народна банка на Република Македонија има и надолна ревизија на инфлацијата од претхдоните 3,5 на 3,2 проценти за годинава и од 2,6 проценти на 2,3 за 2014 година.
На прес-конфернцијата гувернерот потенцира дека се очекува капиталните приливи во оваа и во наредната година да бидат доволни за покривање на дефицитот во тековната сметка и дополнителна кумулација на девизни резерви. Девизните резерви се оценува дека ќе се одржуваат на адекватно ниво.
Народната банка ќе ја остварува целта да се одржи ценовната и финансискста стабилност.