Заврши конзервација и реставрација на живописот во црквата Свети Никола во Куманово

Од:

Заврши конзервацијата и реставрацијата на живописот во црквата Свети Никола во Куманово. Методологијата на конзервација и реставрација во Соборниот храм во централното градско подрачје, траеше четири години, по неколку децении, откако живописот бил насликан во шеесетите години од минатиот век.

– Според утврдените хемиски анализи, живописот е насликан во секо техника. Употребени се бои од т.н. синтетички бои или добро познати бои-акрилни бои. Ослабена е врската помеѓу носачот односно ѕидот кој датира со самата изградба од периодот на 1847-1851 со новонасликаниот живопис од 1969-1971 од зографот Крсте Рафев Колоски.Оштетувањата на боениот слој од живописот е проследен со напукнување и опаѓање од своето лежиште. Невкусно за изгледот, што е од пресдудно значење. Процесот успешно заврши, изјави реставраторот Валентина Илијевска.

Со конзервацијата е опфатена северната и јужната страна, односно житието на Господ Исус Христос и на Пресвета Богородица Дева Марија. Живописот датира од периодот од 1969-1971. Додека пак во олтарниот дел е од 1972 година со претстава на евангелисти и Мајка Божја во централната апсида. Покрај овие живописани композиции, се насликани и претстави на светите лица како што се Св.Кирил и Методиј, Св.Климент Охридски, Св.Никола и останати светци.

И од Кумановско – осоговската епархија која ја иницираше конзервацијата и реставрацијата се задоволни од завршената конзервација и реставрација.

Свештеникот Игор Здравковски, информираше дека во иднина ќе се слика во црквата Света Мина во Проевце, новоизградената црква Свети Архангел Гаврил пред населбата Карпош и Свети Ѓорѓи во Кратово.

Би можело да ве интересира

Се реконструира главниот конак на „Св Пантелејмон“, ќе се аплицира за листата на УНЕСКО

Ана Ололовска

Конзерваторско – реставраторски работи на архитектурата на црквата Св.Ѓорги во Курбиново

Ана Ололовска

Изложба „1000 години Бигорски Манастир“

Ана Ололовска

Водичот „Византиското наследство на Скопје“ на англиски јазик

Ана Ололовска

Почна постапката за конзервација на црквата „Свети Власие“ на штипската тврдина Исар

Ана Ололовска

Предавање за византиската икона низ делата на руските зографи

Ана Ололовска