Советник од ВМРО-НП од делчевскиот совет станува независен

Од:

Советникот Николчо Ситновски, кој досега во Советот на Општина Делчево делуваше како претставник на ВМРО-НП, односно како дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, од денеска стана независен. Ваквата одлука Ситновски, како што рече на денешната редовна седница на делчевскиот Совет, ја донел лично и без ничие влијание.

– Од денеска во составот на Советот ќе функционирам како независен советник. Оваа одлука ја носам по сопствено убедување, сметам дека ова мое делување како независен советник ќе биде од интерес на моите сограѓани. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на досегашните коалициски партнери за досегашната соработка, рече Ситновски пред почетокот на редовната седница на Советот.

Советот на Општината има 15 члена. По денешната одлука на советникот Ситновски, СДСМ останува со осум советнички места, ВМРО-ДПМНЕ се намалува за едно, односно ќе брои шест советници и еден независен советник.

Би можело да ве интересира

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он