ДОМ: Гази Баба се труе, а инспекторите ги нема, како да се на групен одмор?!

Од:

ДОМ јавно ги повикува инспекторатите за животна средина на државно, градско и општинско ниво, да излезат ИТНО на терен и да утврдат кој или кои стопански субјекти и поединци ја трујат општина Гази Баба!

„Треба да следи казна според закон и моментално запирање на загадувањето на воздухот. Ова ургентно го бараат граѓаните на оваа скопска населба, кои алармираа по драматично покачените вредности на ПМ10 честичките дури до 400 единици!

Мора да се делува брзо и ефикасно, независно дали се работи за големи или мали стопански загадувачи, дали се работи за индивидуално палење пластика или други загадувачки материјали.

Недозволиво е Гази Баба да се труе, а инспекторите никаде да ги нема, небаре се сите на групен одмор?!“, велат од ДОМ преку писмено соопштение.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!

А1он

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација