Бајага се огласи по откажувањето на настапот во Хрватска: Никој не може да ги забрани емоциите и љубовта

Од:

Иако настапот на Момчило Бајагиќ Бајага во Карловац е откажан само 20 дена пред настанот, тој синоќа настапуваше во арената во Пула.

Неколку десетици илјади луѓе присуствуваа на концертот, а пејачот за откажувањето на настапот во Карловац искоментира смирено.

– Љубовта и емоциите не може никој да ги забрани. Ви благодарам Пула на љубовта, вниманието и на заедничкото пеење, се вели во изјавата на Бајага.

Бајага требаше да настапува на настанот „Денови на пивото“ во Карловац, но неговиот настап беше откажан на барање на хрватските бранители. На негово место беше повикана групата „Хладно пиво“, меѓутоа тие одбија да настапуваат како замена за Бајага.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бајага во живо го откачи новинарот по прославата на Новата година

Наум Локоски

ФОТО: Груевски на пиво со Бајага

Наум Локоски

ВИДЕО: Бајага и „Bella Ciao“ го одбележаа 20-от коледарски хепенинг во Гевгелија

Емир Латифовиќ