Македонската филхармонија вечер во Домот на АРМ ќе го изведе третиот концерт од циклусот „Кирилица“.
Под водство на Борјан Цанев, како солисти ќе настапат истакнатите македонски кларинетисти Здравко Ангелов и Игор Бакревски, кои ќе ги изведат Концертната пиеса за два кларинета и оркестар бр. 1 на Феликс Менделсон и пиесата „Средба“ за два кларинета и оркестар на Алмикаре Понкиели.
На концертот Македонската филхармонија ќе ги изведе и Увертирата кон операта „Лоенгрин“ од Рихард Вагнер со што ќе го започне празнувањето на 200 годишнината од раѓањето на овој значаен композитор, како и Варијациите и фуга на тема од Хенри Персел од Бенџамин Бритн, во чест на 100 годишнината од раѓањето на Бритн.
Светска праизведба на концертниот подиум ќе доживее и делото Варијации за симфониски оркестар од младиот македонски композитор Дамјан Темков.