Физички напади врз двајца скопјани

Од:

Група од 10 до 12 непознати лица синоќа физички го нападнале С.Н. (27) од Скопје на булеварот „Крсте Мисирков“ при што се здобил со телесни повреди.

Минстерството за внатрешни работи информира синоќа во 23.10 часот во Полициската станица Бит Пазар, С.Н. (27) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 22.00 часот на бул. „Крсте Мисирков“ физички бил нападнат од 10 до 12 непознати лица, при што му биле нанесени телесни повреди.

Напад во полицијата пријавил и А.Ф.Ш. Според информациите од МВР А.Ф.Ш. (25) од Скопје утрово во 4:25 пријавил во Полициската станица Карпош дека истиот ден во 03.20 часот пред дискотека во Градски Парк физички бил нападнат од две непознати лица, кои дошле со патничко возило.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаја.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот