Американскиот бек со македонски пасош, Лестер Бо Мекејлеб (33) се врати во шпанска Сарагоса, објавија од клубот.
Кошаркарот ја заврши последната полусезона во Сарагоса. Потоа си замина, но сепак се премислил па и следната сезона ќе ги брани боите на тимот од шпанската лига, која лани заврши на 16-то место од 18 тимови (Билбао и Бетис испаднаа).
Мекејлеб во Сарагоса во просек постигнуваше по 11,9 поени, 3,7 асистенции и 2,7 скока по меч.
Пред да дојде во тимот, тој играше за турскиот Мерсин, потоа за белградски Партизан, Монтепаски од Сиена, Фенербахче, Баерн, Лимож и Гран Канарија.