Велика Британија подготвува рекламна кампања, која има за цел да ги презентира недостатоците на оваа земја и да ги одврати имигрантите да се доселат.
Еден од плановите за скротување на приливот на имигранти е депортација на доселениците кои ќе бараат државни бенефиции, а другата опција е да се бара доказ дека можат да се издржуваат најмалку шест месеци.
„Гардијан“ пишува дека најдобар метод е, да се уверат потенцијалните имигранти да не посакаат да дојдат во Британија.
Владините министри работаат на негативна рекламна кампања, која ќе се фокусира на тоа колку е лош животот Британија, наведува весникот.
Детали за рекламната кампања се уште не се познати, но ќе се направи се што може за да се создаде слика, дека животот во Британија е тежок и непријатен.
Весникот дури ги повика и граѓаните да учествуваат во неа, така што ќе испраќаат фотографии на хулигани, пијани луѓе, непријатни искуства во јавниот превоз и слично.